Dark Mode Light Mode

Аеродром предизборно се буди, направи Стратегија за Долно Лисиче

Направена е Стратегија за рурален развој на Долно Лисиче. Ја креирала т.н. работна група за рурален развој која сега со помош на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сега треба да ја имплементира.

Според стратегијата се предвидуваат низа проекти во рамките на ИПАРД фондовите, а за почеток ќе се отвори првата подрачна единица на Општина Аеродром за поттикнување на руралниот развој.

Иницијативата и стратегијата се позитивна вест, ама фактот дека Долно Лисиче беше заборавено од градоначалникот сите изминати 4 години, па се сети на него сега на 3 месеци пред избори не остава простор за верување. Зошто оваа стратегија не се направи веднаш кога се промени локалната власт? Зошто беа игнорирани жителите на Долно Лисиче кои со години се жалат од загаден воздух, неисчистен канал од кој се шири зараза и реа, неасфалтирани улици…?

Реклама

Најави за некакви стратешки имплементации за рурален развој на Долно Лисиче не се решенија. Требаат дела а не стратегија и тоа веднаш а не пред избори.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од следната година: Во пензија на 64 години и 15 години стаж, жените ќе можат и со 62

Next Post

„Патување низ Европа“ концертна изведба на Марко Поп Ристов и Марија Вршкова вечерва на „Скопско лето“

Реклама