Народниот правобранител бара Владата под итно, заедно со деловните банки да најде времено решение со кое ќе им излезе во пресрет на граѓаните кои пораади проблемите во издавањето нови лични документи останале со истечени личи карти и не можат од банка да си подигнат пари од сметка
– Недозволиво е слабостите во системот за издавање на лични документи во Министерството за внатрешни работи, за што Народниот правобранител еднаш веќе реагираше, да се прекршуваат врз грбот на граѓаните и неправдано да им создаваат дополнителни проблеми, посебно што во принцип станува збор за категорија на граѓани кои спаѓаат во групата на постари лица кои не ги користат дигиталните, туку оние традиционалните банкарски услуги, односно пензиите и платите, ги подигнуваат непосредно од шалтерите на банките, се вели во соопштението на народниот правобранител.
Граѓаните што се пожалиле кај Народниот правобраниел рекле дека не можеле навремено да си ги обноват личните документи, особено личните карти, поради немање соодветен термин за вадење на документите кои во меѓувреме им истекле, и сега не можат да си подигнат пари од банка (пензии, плати и други личните примања), и да си ги платат сметките за струја, вода телефон.
Изминатите денови, огромни гужви се создаваат пред канцелариите на МВР каде што се издаваат нови лични документи. Тоа се гледа на бројните фотографии кои се споделуваат. Од МВР пак велат дека гужвте се затоа што за термини за сликање доаѓаат и новите закажани и оние кои имале термини во перодот кога системот на МВР не работеше на два пати во текот на минатиот месец.
Иако граѓани тврдеа дека им било кажано дека не може да добијат лични документи порди немање обрасци и „пластика“, од МВР тоа го нарекоа дезинформации и дека гужвите се резултат на зголемениот број барања за лични документи.
Дури МВР објави дека со измени на законот се овозможува истечените документи да се користат до крајот на оваа година. Но, првата дилема која се јави кај граѓаните кои патуваат е дали некоја држава ќе дозволи влез со истечен македонски пасош, имајќи предвид дека во некои земји не се дозволува влез дурии ако пасошот има важност уште помалку од шест, односно три месеци до истекот.
Овој пример со банките потврдува дека ваквите документи не се примаат ниту дома, а камо ли да важат надвор од државата.