Над 400 казни се изречени за неиздавање на фискални сметки во контроли на УЈП по завршувањето на најголемиот бран на ковид-кризата
УЈП ги ловела ваквите фирми преку пријави на граѓани кои скенирале сметки за поврат на ДДВ преку „МојДДВ“.
Во периодот кога беше најголемиот бран на ковид-кризата контролите биле превентивни кај сите даночни обврзници, но по завршувањето на бранот изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава, вели диреторката на УЈП Сања Лукаревска која денеска одржа прес-конфренија по повд две години од воведување на МојДДВ.