Dark Mode Light Mode

За граѓаните парк, а за Општина Центар 100 илјади евра – пропадна проектот за катна гаража кај ГАМА

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, денеска и преку соопштение и преку видеоизјава се пофали дека успеале да спасат една зелена површина во градот, на која било планирано да се гради катна гаража.

И уште Богдановиќ вели дека згора на тоа успеале да наплата и банкарска гаранција за изградба на катна гаража од 100.000 евра.

Се работи за простор на самиот булевар „Св. Климент Охридски“, која требаше да никне пред седиштето на компанијата ГАМА.

Реклама

На крајот на декември, 2012, непосредно пред Новата година, беше склучен договор за продажба на државно градежно земјиште помеѓу приватен инвеститор и Министерството за транспорт и врски.

Дека целата таа постапка е е сомнителна говори и податокот што на тоа јавно наддавање купувачот го добил понудувајќи највисока цена која, верувале или не е  251 денар за метар квадратен, или за 835 метри квадратни, 209.585 денари за парцела која е во строгиот центар на градот.

За тоа што се случувало во меѓувреме со приватниот инвеститор, не е познато во јавноста. Богдановиќ денеска обасни дека во меѓувреме Основниот суд во Штипго усвоил предлогот на предлагачот, Комерцијална Банка АД Скопје и се отвора стечајна постапка над имотот на правното лице-должник, а Општина Центар како доверител, го пријавила своето побарување од стечајната маса.

Во мај оваа година општината наплатила банкарската гаранција во висина од 100.000 евра со која се гарантирала изградбата навреме, но бидејќи тоа е се случило, тие пари звршуваат кај Општината.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со истечена лична карта не ти даваат твои пари од банка, не па да се патува со истечен пасош

Next Post

СДСМ за две недели ќе ги објави првите имиња на кандидати за градоначалници

Реклама