Mерките и натаму ќе се олабавуваат, бидејќи тоа го дозволува емидемиолошката состојба. Но ако има промени ќе воведеме некакви рестрикции, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Тој како пример ги наведе бројките на заразени од изминатите неколку дена, заклучно со вчера: претходната недела имаше седум, па шест, а вчера пет пациенти на 100.000 граѓани што за Филипче дефинитивно е знак дека нема промени.
Но, сепак за одржување на ваквата состојба тој се повика на одговорноста на граѓаните, кои сега ќе можат во поголем број и д асе групираат, и да одат на свадби и прослави и на концерти.
Тој денеска беше прилично сигурен дека во текот на летото нема да се дозволи работа на затворените делови од дискотеките.