Dark Mode Light Mode

Од следната година: Во пензија на 64 години и 15 години стаж, жените ќе можат и со 62

Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за работните односи, а кои се однесуваат на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на ноември минатата година.

Ова решение остава можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Измените овозможуваат продолжување на работниот однос до 67 години, но под строго дефинирани критериуми и постапка и само за дефицитарните кадри во здравството , во високото образование и научно истражувачката дејност.

Реклама

Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.

Измените на Законот кои беа предизборно ветување на владејачката коалиција, беа поднесени во Собранието во ноември лани.

Според анализите на Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6.000 лица. Но, дел од нив веќе поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување на работниот век и после наполнување 64 години, а кој се однесува на 2021 година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од ВМРО-ДПМНЕ кривична, од Левица интерпелација за Џафери за обраќањето во ЕП на албански јазик

Next Post

Аеродром предизборно се буди, направи Стратегија за Долно Лисиче

Реклама