„Патување низ Европа“ е насловот на вечерашниот концерт на репертоарот на „Скопско лето“ во Музејот на македонската борба. Главните актери вечерва се Марко Поп Ристов – виолина и Марија Вршкова – пијано.
Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена на ниво на универзитет – „CUM LAUDA” во класата на проф.Т.Светиев каде ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија ,а најзначајна меѓународна наградата е Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија. Марија Вршкова во моментот работи како доцент при ФМУ Скопје.
Марко Поп Ристов дипломирал на Royal College of Music (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата Магистер по камерна музика на Музичкото и Драмско Училиште Guildhall во Лондон, а во истиот период го имал и своето Барбикан (Barbican) деби во 2012 година.
За Утре во Музејот на македонската борба во 20:30 е најавен концертот насловен „Шопен, поетот на музиката – музички бисери за пијано“ на Даница Стојанова – пијано, Нита Груби, Бобан Мирковски, Сара Кесковска.