Топлото време ги наполни улиците со моторџии. Дел од нив не се баш расположени да ги почитуваат сообраќајните правила. Токму таквите вчера ги ловела полицијата.
На територијата на целата држава вчера биле санкционирани 213 моторџии.
Од полицијата информираат дека од вкупниот број на изречените санкции, 135 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 42 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Скопјани пак апелираат полицијата да воведе подолготраен ред во сообраќајот и во големата бучава која ја прават одделни моторџии.