Dark Mode Light Mode

СДСМ за две недели ќе ги објави првите имиња на кандидати за градоначалници

Првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати на 13 јули на седница на партиското раководство.

Досега има 562 кандидати за градоначалници и 4.530 кандидати за советници, а партијата веќе спровела истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини.

-Анкетите наши велат дека СДСМ е фаворит на изборите, имаме поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и на ниво на лидери и на ниво на партии, вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Реклама

Тој најавува дека наскоро ќе има средби со ДУИ и ДПА на ниво на лидери на која ќе се дефинира принципот на соработка за локалните избори – на кој начин, во кој обем, во кои населени места, во кој круг

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев неодмана на настан во Општината Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање дали некој од актуелните градоначалници ќе бидат повторно кандидати, рече дека се зависи од нивниот рејтинг од анкетите и анализите на нивната работа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За граѓаните парк, а за Општина Центар 100 илјади евра - пропадна проектот за катна гаража кај ГАМА

Next Post

Утре малку ќе здивнеме, температурата до 36 степени

Реклама