Во последните 24 часа од направени 2.531 тестирања, регистрирани се 5 нови случаи на ковид во Скопје – 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1.
По неколкудневно затишје денеска е регистриран починат пациент на 76-годишна возраст од Виница.
Регистрирани се 86 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.689, бројката на оздравени пациенти е 150.063, на починати е 5.485, а бројот на активни случаи изнесува 141, од кои 60 во Скопје.
Во 17 општини нема ниту еден активен случај.