Dark Mode Light Mode

Бектеши останува на тоа дека струјата ќе поскапе до 10 отсто

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска повтори декапоскапувањето на струјата ќе биде најмногу до 10 отсто, и покрај тоа што ЕСМ обави пред неколку дена дека доставиле понуда до ЕВН Хоум за повисока цена од 13,6 отсто од сегашната.

-Јас останувам на тоа што сум го кажал и ќе чекаме до крајот на месецот да видиме каква ќе биде одлуката на РКЕ. Ние сме ги направиле сите анализи, и не само јас како министер за економија и другите институции биле вклучени – енергетските компании како што се ЕСМ, ЕВН, МЕПСО и согласно нашите анализи останувам на ставот што сум го кажал. Нема да има зголемување повеќе од 10 отсто, рече Бектеши.

Тој прецизира дека првично не кажал 10 проценти, туку, вели, најмногу до 10 проценти, а тоа може да биде и нула, и еден и два, па до 9,99 отсто.

Реклама

Претходно, АД ЕСМ достави понуда до универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум која изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија што, пак, е за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.

Бектеши денеска зборуваше и дека веќе почнале да се изработуваат нови модели во делот на одредување на цена на електрична енергија со моделот на блок тарифи каде што, како што рече ќе ги поттикнат граѓаните да заштедат електрична енергија. Тие, според неговата изјава, би биле од јуни наредната година.

-Тие што се најранливи можеби ќе имаат и намалување во делот на електричната енергија од јуни наредната година, а тие што прават потрошувачка над еден мегават и повеќе од еден мегават што е многу, и тие најверојатно се многу богати семејства што трошат толку многу електрична енергија, за нив ќе се зголеми дополнително цената. Ова го зборувам за јуни имајќи во предвид дека двапати годишно ние носиме одлуки за утврдување на цената на електрична енергија, вели Бектеши.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Годишното обраќање на Пендаровски ќе биде в среда - можно е истиот ден Заев да поднесе оставка

Next Post

ПЦР тест за сите кои патуваат во Грција е мерка само за празниците

Реклама