Dark Mode Light Mode

Академик Ќулавкова: Бучковски не знае многу работи, а Денко Малески…

Владо Бучковски, специјалниот владин претставник за проблемот со Бугарија, не знае многу работи, смета академик Катица Ќулавкова. Таа во настапот на телевизиска емисија „Заспиј ако можеш“ на ТВ „Алфа“ истакна дека Бучковски нанесува непоправлива штета во процесот на преговори со Бугарија.  

-Тој не знае многу работи и кога би имал висок политички интегритет,личен, не би требало да се нафати за работа за која не знае многу работи, односно не е доволно упатен, истакна академик Ќулавкова.

На новинарското прашање дали ја боли јавната прозивка од страна на Бучковски кон македонски академици во врска со спорот со Бугарија , Ќулавкова рече дека тоа е срамно.

Реклама

-Тоа го направи и Денко Малески. Треба секој човек да се изанализира самиот себе. Најмногу болат проблемите и конфликтите кои произлегуваат од најблиските. И во Македонија кога гледаме дека претставници на државни институции заземаат порадикални, понегативни и поантимакедонски ставови од претставници на други држави. Тоа е навистина не само срамно и понижувачки туку и буквално ни прави непоправлива штета и последици. Бучковски ја подели интелигенцијата, медиумите од кои повеќето се политички коректни, нагласи академик Ќулавкова.

На забелешката на новинарот дека често се случува наши претставници да се прават „поголеми католици од папата“ и дека поцврсто ги држат ставовите на другата страна, Ќулавкова рече дека тоа е посебен синдром.

-Тоа е синдром кога луѓето не се сигурни во сопствените вредности, кога имаат чувство на инфериорност, кога имаат дамки, празнини, дупки во сопствената лична приказна. Кога имаат дамки во однос на некои свои досијеа, криминогени… Тоа се личности за кои ништо не значи моралниот интегритет и немаат идеали. Тие луѓе, а и народ без идеали се осудени на делегитимација, рече таа.

Ќулавкова инаку додаде дека е заинтересирана со сите соседи, Србија, Бугарија.. да немаме никаков конфликт.

-Треба да седнеме и преку институции да најдеме едно прифатливо решение. Јас немам антибугарски став туку став дека таквата политика не е цивилизирана и во согласност со меѓународното право, рече академик Ќулавкова.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вечерва премиера на нашиот кандидат за Оскар „Сестри“ - од утре редовно во „Милениум“

Next Post

Шест починати во 24 часа и 4 од претходно - речиси 300 нови заразени

Реклама