Поранешниот градоначалник на Скопје потроши многу пари, а не успеа га го реши проблемот со сообраѓајот во градот, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Велат и дека пред изборите нетранспарентно и распишале тендер.
-СДСМ и Петре Шилегов како ексградоначалник на скопјани им потрошија 4 години, а ништо не направија за јавниот транспорт во градот и сообраќајниот хаос. Четири години мавтаа со хартија и зборуваа за проектот „БРТ“, кој патем крајно нетранспарентно без мислење на експертската јавност го наметнуваа. На крајот уште понетранспарентно непосредно пред изборите и го тендерираа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека овој проект е поврзан со големи сомнежи за корупција, кои, како што велат, ќе бидат детално истражени и презентирани пред јавноста.
-Шилегов и СДСМ на скопјани им должат одговори зошто цело време кријат колку зеленило треба да се уништи за спроведување на проектот ‘БРТ’? Да потсетиме Шилегов освен што ќе остане запоменет како градоначалник кој изгради мост кој завршува во дневна соба, предвиде и уништување на мостот „Обединети нации’ еден од клучните мостови во Скопје, содржано токму во проектот ‘БРТ’, се вели во соопштението.