Одлуката за воведување задолжителен ПЦР тест за патување во Грција од сите земји и за сите патници без разлика дали се вакцинирани или не, е вонредна и привремена мерка за празничниот период со цел да се спречи и контролира ширењето на омикрон сојот на ковид-19 околу празниците, објасни денеска портпаролот на грчката Влада.
Мерката стапува во сила в недела на 19 декември во 6 часот наутро, а тестот треба да не е постар од 72 часа пред патувањето.
Со оглед на тоа дека мерката се однесува на сите земји, важи и за туристите од Македонија и за сите туристи без разлика дали влегуваат на копнени граници, преку море или на аеродром.