Dark Mode Light Mode

Шест починати во 24 часа и 4 од претходно – речиси 300 нови заразени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на ковид-19.

Во изминатите 24 часа има шест лица почнати од компликации со ковид и уште четири од почетокот на овој месец.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Прилеп  (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г)  и Охрид (55г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Реклама

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес  (1). Починатите лица се на возраст од 77г до 85г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Новите заразени се: Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 335 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451, од кои 2.625 во Скопје.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Академик Ќулавкова: Бучковски не знае многу работи, а Денко Малески...

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потроши 4 години и ништо не направи за јавниот транспорт

Реклама