Dark Mode Light Mode

Вечерва премиера на нашиот кандидат за Оскар „Сестри“ – од утре редовно во „Милениум“

Македонскиот кандидат за Оскар за 2022 година, филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума вечерва, 16 декември во киното „Милениум“ ќе ја има својата скопска премиера.

Заради ковид протоколите, премиерата ќе се одржи во два термина од 19 и 21 часот, а скопската публика филмот ќе може да го погледне веќе од 17 декември во вечерниот термин од 20 часот, како дел од редовниот репертоар на киното.

Се работи за копродукција меѓу Македонија, Косово и Црна Гора.

Реклама

Сценариото за филмот е на режисерката Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите Роза Трајческа-Ристовска, шминката е на Жанета Димитриевска, а продуцентка е Марија Димитрова. Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро, а во другите улоги настапуваат Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Емил Исаевски, Верица Недеска.

Одлуката првиот долгометражен филм на младата режисерка Дина Дума да биде кандидиран за престижната награда ја донесе Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ при Друштвото на филмските работници на Македонија.

Светска премиера „Сестри“ имаше на 55. издание на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде ја освои специјалната награда од жирито (East of the West Special Jury Prize). Македонска премиера, пак, остварувањето имаше на отворањето на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во септември годинава.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ПЦР тест за сите кои патуваат во Грција е мерка само за празниците

Next Post

Академик Ќулавкова: Бучковски не знае многу работи, а Денко Малески...

Реклама