Почна новогодишното украсување на градот Скопје. Денеска се поставува новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“.
Од Градот Скопје велат дека забрзано се украсуваат централното градско подрачје, плоштадот Македонија, улицата Димитрија Чуповски и булеварот Илинден со новогодишни украси.
-Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје, се додава во соопштението од градот.
Градоначалничката Данела Арсовска претходно најави дека градот ќе почне да се украсува од 10 декември, сепак украсувањето почна дури денеска. Поради тоа во јавноста, на социјалните мрежи и во медиумите се коментираше дека градот на 15 дена од Нова Година изгледа сиво и тажно, без ниту еден лампион или сијаличка, што досега не било случај.
Арсовска веднаш кога ја презеде функцијата прво го раскина договорот што нејзиниот претходник Шилегов го склучи за украсување на градот со „Линк медиа“ за 240.000 евра и поттоа потпиа меморандум со истата фирма според кој украсувањето ќе биде бесплатно. Тоа покрена низа прашања во јавноста, дали воопшто нешто може да биде беплатно?