Dark Mode Light Mode

Годишното обраќање на Пендаровски ќе биде в среда – можно е истиот ден Заев да поднесе оставка

Претседателот Стево Пендаровски следната недела, в среда, на 22 декември, ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Пендаровски, како што веќе е најавено на веб-страницата на законодавниот дом, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамки на 56 собраниска седница.

Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот сајт е најавено за 12 часот.

Реклама

Пендаровски, како што е вообичаено, ќе говори за актуелните случувања изминатиот период и за очекувањата во следната година. А оваа година тој на пратениците ќе им се обрати во интензивна политичка клима, во момент кога е во тек формирање нова влада, додека опозицијата бара предвремени избори, а земјава повторно не доби зелено светло за почеток на преговори со ЕУ поради бугарското вето, со ветување на новата Влада во Софија на Кирил Петков дека процесот на решавање на спорот ќе се забрза, но и споменување на рок од шест месеци за да се стори тоа.

Шефот на државата својот годишен говор во Собранието ќе го одржи во неделата за кога е најавена оставката на премиерот Зоран Заев.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За 10 дена до Град Скопје стигнале над 200 пријави за проблеми - велат решиле над 160

Next Post

Бектеши останува на тоа дека струјата ќе поскапе до 10 отсто

Реклама