Dark Mode Light Mode
ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потроши 4 години и ништо не направи за јавниот транспорт
Управата за санкции пресече: Косовскиот заменик-министер за правда не може да ги посети осудените за „Диво насеље“
Арсовска го стопира тендерот на Шилегов за БРТ, што сега се договара со ЕБРД?

Управата за санкции пресече: Косовскиот заменик-министер за правда не може да ги посети осудените за „Диво насеље“

Управата за извршување на санкциите смета дека заменик-министер за правда не може да ги посети осудените за „Диво Насеље“ бидејќи не ги исполнува условите од Законот за извршување на санкции каде е регулирано кој можже да посети странски државјани кои се во затвор тука.

-Во согласност со член 199 став 1 и 2 од Законот за извршување на санкциите, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено- поправните установи во Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет. Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави и закаже посетата во установата во која лицето ја издржува казната затвор. Во случајов, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, а од слобода се лишени на 09.05.2015 година во Куманово, велат од Министерството за правда.

Заменик- министерот за правда не е конзуларен претставник на својата држава во Македонија, туку е политички претставник на Косово-именуван функционер кој не е истовремено овластен да е конзуларен претставник на Косово за што треба да исполни посебни услови предвидени со меѓународното право и поради тоа Управата за извршување на санкциите не може да ја дозволи бараната посета на осудените лица. Односно, тој може да го посети КПД Идризово, но не и на осудени лица.

Реклама

Пред десетина дена заменик- министеррот за првада во Приштина најави дека ќе ги посети овие затвореници, но откако беше демантиран од нашиот заменик-министер за првада, тој ја откажа посетата.

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потроши 4 години и ништо не направи за јавниот транспорт

Next Post

Арсовска го стопира тендерот на Шилегов за БРТ, што сега се договара со ЕБРД?

Реклама