Dark Mode Light Mode

Од ВМРО-ДПМНЕ кривична, од Левица интерпелација за Џафери за обраќањето во ЕП на албански јазик

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради „свесно кршење на Уставот и законите“, за обраќањето на Џафери пред Комитетот за надворешна политика на ЕП на албански јазик.

Професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, на прес-конференција во Собранието рече дека со обраќањето, тој го прекршил Уставот преку своја лична интерпретација на одредбите на јазикот, како и дека за истото треба да одговара, а ја повика и претседателката на Уставниот суд да постапи по иницијативите за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците.

-Претседателот на Собранието Талат Џафери го промовираше на меѓународен план јазичниот федерализам имено тој зборуваше на албански јазик, би сакала да упатам на уставното решение, односно на амандманот 5 од Уставот, Член 1 во кое јасно се вели дека на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, вели Силјановска Давкова.

Реклама

Таа посочи дека ставот 2 од истиот член од Уставот вели дека јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните исто така е службен јазик со неговото писмо, но во истиот член никаде не пишува дека истиот може да се употребува во меѓународните односи, што според Силјановска Давкова, Џафери „си го допишал Уставот преку своја лична интерпретација на одредбите за јазикот“.

Интерпелација за Џафери денеска најави Левица, а поддршка доби и од ВМРО-ДПМНЕ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Даниела Николова од СДСМ седнува на пратеничкото место на Богдановски од ДОМ

Next Post

Од следната година: Во пензија на 64 години и 15 години стаж, жените ќе можат и со 62

Реклама