Собранието попладнево го верификува мандатот на новата пратеничка Даниела Николова од Коалицијата „Можеме“, која во законодавниот дом доаѓа на местото на Мирослав Богдановски.
Претходно, Собранието ја констатира оставката на Богдановски, која тој не ја образложи на седница.
Пратеникот Панчо Минов како претставник на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија за во ИЕ 1, по поднесената оставка на пратеникот Мирослав Богдановски, согласно законската процедура, редоследно се предлага Даниела Николова за преостанатиот дел од мандатот.
За предлогот гласаа вкупно 78 пратеници, а немаше против и воздржани.
ДОМ сега останува само со еден пратеник во Собранието, претседателката на партијата Маја Морачанин, која вели дека не знаела за оваа одлука на нејзиниот сопартиец.
Богдановски, кој во изминатиот период имаше несогласувања со раководството на ДОМ најави дека се враќа на претходното работно место – главен инспектор во град Скопје.
Богдановски е уверен дека ќе биде попотребен во градската инспекција отколку во Собранието. Тој за изјави дека оставката ја поднел вчера и се уште не разговарал со претседателката на партијата Маја Морачанин, со која и онака немал добра соработка.