Вкупно четворица инструктори за пописот на населението се заразени со корона вирусот, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.
-Има четворица, не се пет заразени инструктори за попишување, заразени од своите сопружници, но не се заразени од ДЗС, изјави Симовски.
Според него, нема пречка да се реализира попишувањето.
-Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето, рече Симовски.
Ако некој не биде пронајден во својот дом, додаде тој, ќе му се остави известување за следна посета.
Сепак да се надеваме дека властите (а особено и Комисијата за заразни болести која како што пред извесно време рече директорот Симовски е единствена надлежна да каже дали пописот треба да се одложи поради пандемијата) малку посериозно ќе го разгледаат овој случај до заразени попишувачи и ќе реагираат посоодветно на ситуацијата.