Dark Mode Light Mode

Цела година следење за на крај главните да избегаат – акцијата во Грчец и Гази Баба е „пробиена“

Вчерашната акција во Гази Баба и Грчец за разбивање на кринимална мрежа за трговија со дрога е „пробиена“ и главните нарко-босови се во бегство.
Ова е накусот епилогот од заедничката акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и МВР, што денеска го соопшти шефицата на Обвинителството Вилма Русковска.
Сето останато од прес-конференцијата за оваа акција со кодно име „Планина“ како да нема големо значање ако се знае дека главните кои стојат зад оваа криминална група не се фатени.
Она до што дошле органите по една година следење се дека групите во Гази Баба и Грчец се занимавале со трговија со дрога, извршени се претреси на 26 локации во Грчец и уапсени се 13 лица, од кои за девет лица е определена мерка притвор, за три мерка куќен притвор и за едно лице мерки за претпазливост, додека во Гази Баба извршени се претреси на девет места, осум лица се приведени и се наоѓаат во притвор.
Одземени повеќе од 80.000 евра, повеќе од 300.000 денари и петстотини франци, над пет килограми марихуана и околу 600-700 грама кокаин.

Но, она што го заокружува овој процес е дека пет лица од првата и едно од втората група се во бегство.

Според Русковска двете групи ќе се водат во два одделни случаи бидејќи немаат докази дека дејствувале заедно.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за одложување на пописот до септември

Next Post

Нема нови мерки - следниот состанок на Комисијата за заразни болести е во вторник

Реклама