Во недела ќе дојдат 24.000 вакцини на производител АстраЗенека преку Ковакс механизмот, најави синоќа министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук. Тој појасни дека станува збор за првата пратка преку овој механизам.
-Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс системот, објави министерот.
Во објавата не е наведено за која категорија на населението ќе се користат овие вакцини.
Испораката се случува откако вчера и Босна и Херцеговина доби 23.400 дози од вакцината против Ковид-19 на Фајзер/Бионтек, преку истиот Ковакс механизмот.
Дали навистина овој пат ќе дојдат вакцините во најавениот термин? Ова е најчестото прашање на граѓаните кое го поставуваат на социјалните мрежи откако министерот соопшти кога треба да пристигне првата пратка од вакцините. Прашуваат, како што велат, затоа што многу пати до сега беа кажани термини, а потоа испадна дека се неточни.
Од друга страна, се повеќе македонски граѓани заминуваат на вакцинриање во Србија како резултат на соработкна на новинарски, полициски и бизнис асоцијации. Има и граѓани кои самите се пријавуваат во српскиот систем, разочарани од македонските власти кои доцнат со набавката на вакцини.