Зоран Заев и Христија Мицкоски ќе се сретнат во понеделник на среба очи во очи за да разговараат за актуелните проблеми во Македонија. Премиерот и лидер на владеачка партија СДСМ Зоран Заев синоќа објави дека ја прифатил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тет-а-тет средба и таа ќе се одржи в понеделник.
– Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, синоќа го повика премиерот Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите…
За потсетување, двајцата лидери често повикуваат на заедништво на граѓаните во Македонија, но често со свои постапки и ја поттикнуваат недовербата и раздорот. Последно беше кога Заев понуди „дил“ со опозицијата ама без Мицковски кој не му бил добар за соработка иако позади него стојат многу гласови и пратеници. Тоа беше разбрано и од опозицијата и од јавноста како понуда за заедништво со кое треба да се следи што ќе каже и прави Заев.
Како ли ќе биде овој пат – ќе видиме. Македонија е во бура, во криза, и и треба разумно водење кон помирни води.