Dark Mode Light Mode

Во болниците низ Македонија се лекуваат 1.573 заболени од вирусот, во Скопје вчера примени 70 нови пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ Македонија е 1.537 и има околу 250 празни болнички кревети во ковид центритесоопшти денеска Министерството за здравство.

Во информацијата се наведува дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

-Вкупно 621 лице сомнително и потврдено за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, се наведува во соопштението.

Реклама

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 35 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни и двајца пациенти биле примени на Клиниката да Детска хирургија. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 46 оздравени пациенти.

-Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 298 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки, наведува Министерството за здравство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: Има предност што ни каснат вакцините, можевме да ги согледаме предностите и слабостите

Next Post

Добра вест: Се отстрануваат штетните азбестни плочи од покривот на ОУ „Ѓорче Петров“

Реклама