Dark Mode Light Mode

Комисијата за заразни болести ќе решава за нови мерки, ќе разгледа ли и за пописот?

За евентуалното воведување на нови рестриктивни мерки против ширењето на корона вирусот ќе решава на денешната седница Комисијата за заразни заболувања. На седницата ќе биде анализирано ширењето на корона вирусот кое во последниот период има нагорен тренд со повеќе од илјада инфицирани лица дневно и до тресетина починати лица. Освен тоа, со новиот бран на вирусот погодена е и младата популација. Не се исклучува можноста од воведување на дополнителни мерки како скратување на работното време на угостителските објекти и зголемување на полицискиот час.

Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува, изјавија за медиумите од Министерството.

Реклама

Не е познато дали на денешната седница ќе се решава и околу евентуално одложување на пописот. Познато е дека директорот на Заводот за статистика посочи дека за одложување на пописот поради пандемијата барање може да упати само Комисијата за заразни болести.

Инаку, веќе се обзнани дека четворица инструктори на попушувачите се заразиле со корона вирусот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Фудбалските репрезентативци добија премија од 40.000 евра и покрај поразот до Романија

Next Post

Можат ли Заев и Мицкоски во понеделник да расчистат важни прашања за Македонија?

Реклама