Dark Mode Light Mode

Заев: Има предност што ни каснат вакцините, можевме да ги согледаме предностите и слабостите

Попишувачите ќе бидат во приоритетните групи за имунизирање откако на 28 март во Скопје ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на АстраЗенека преку Ковакс системот, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Ќе биде исполнето барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и попишувачите ќе влезат во првата категорија на граѓани кои ќе се вакцинираат со дозите кои треба да се примат само еднаш. Информацијата ја знаевме два -три дена пред да објавиме, тоа е првиот чекор на масовната имунизација, се прима една доза, овие денови и другите количини ќе пристигнат по други механизми за рамноправно покривање на теренот. Можевме да согладаме предност и слабости од земјите пред нас, а вакцините се здрави и час поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија, рече Заев денеска во Делчево.

На новинарско прашање дали очекува отпор за вакцинирање со вакцината на АстраЗенека тој кажа дека очекува масовно прифаќање на вакцините во Македонија.

Реклама

– Има една предност што сме земја со задоцнување со вакцините, земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности или слабости и сите можеме да заклучиме дека вакцините се здрави, истакна Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Курц се конфронтира со лидерите на ЕУ поради поделбата на вакцини против Ковид-19

Next Post

Во болниците низ Македонија се лекуваат 1.573 заболени од вирусот, во Скопје вчера примени 70 нови пациенти

Реклама