Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во останати подрачја на Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во следните денови времето ќе биде стабилно. До утре утринските температури ќе бидат значително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе бидат над нулата.