Дури 29 лица починаа како последица од ковид во изминатите 24 часа во земјава.
Најмладата жртва е на 38, а највозрасната на 86 години, при што најмногу повторно се од Скопје – 8, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи соковид, од кои во Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по – 13, Ресен – 11, Радовиш – 9, Валандово и Крушево – по 8, Струга – 7, Демир Капија и Пехчево – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци – по 5, Македонски Брод – 3, Кратово и Демир Хисар – по 2, Дебар и Македонска Каменица по – 1.
Регистрирани се 722 оздравени пациенти.
Во моментов во државата има 16.543 активни случаи, од кои 8.362 се во Скопје. Од почетокот на епидемијата бројот на дијагностицирани со ковид во земјава изнесува 123.491, а починаа 3.574.