Dark Mode Light Mode

Македонија ја загуби драмата со Романија во Букурешт

Македонската фудбалска репрезентација не успеа со победа да ги почне квалификациите Светското првенство во Катар во 2022 година. Четата на Горан Пандев беше на чекор до сензационален камбек кога губеше со 2:0, постигнувајќи два гола за две минути за 2:2, пред Јанис Хаџи, да не разочара и да донесе 3:2 победа на Романија.

Штета. Македонската репрезентација одигра добар натпревар.

Илија Несторовски прво имаше неверојатно двојно промашување на стартот на мечот, а потоа Флорин Танасе не „казни“ во 23. минута за Романците да поведат со 1:0. До крајот на полувремето свои неискористени шанси имаа и Енис Барди и Горан Пандев, за на стартот на второто полувреме во 50. минута, замената Валентин Михаила да постигне фантастичен гол од огромна далечина за 2:0.

Реклама

Тогаш следуваше драматичната завршница на мечот – Аријан Адеми прво во 82. минута намали на 2:1, пред веќе следната минута Енис Барди фантастично да му асистира на Александар Трајковски за израмнување. Но, наместо да одиме на голема победа, по една лоша реакција на целата наша одбрана, фудбалерот на Ренџерс, Хаџи успеа да го совлада Димитриевски за незаслужен пораз.

За момците на селекторот Игор Ангеловски нема време за одмор – за три дена во Скопје гостува Лихтенштајн.

ФОТО:ФФМ

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

До каде ќе оди оваа ужасна состојба со ковид: 29 лица починаа, нови 1.264 заболени за 24 часа

Next Post

Кој ќе одговара ако почине или се разболи макар едно лице од Ковид-19 заради пописот?

Реклама