Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот, додека само во Маврово има врнежи од слаб снег.
Од АМСМ препорачуват прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
И на крајт потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила до 1 април.