Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Дали во тендерот на Шилегов со фирмата на партнерот на Царовска има елементи на корупција?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје ја повика Државната комисија за спречување корупција да го испита случајот со тендерот за дронско снимање што градоначалникот Петре Шилегов, го склучил со фирма која е на партнерот на министерката за образование Мила Царовска.

-Наместо да распише тендер, да набави заштитни средства и да ги подели бесплатно на ранливите категории граѓани, за купување таблети или преносни компјутери за оние кои немаат уреди да ја следат наставата од дома, тој почитувани скопјани, дава еден милион денари на партнерот на Царовска за снимање на зеленилото од дрон?!, рече советничката Јелена Жугиќ.

Укажувајќи на несоодветноста на овој потег на Шилегов, Жугиќ го истакна и вечниот проблем на Скопје – сметот, па тука ги посочи парковите низ Аеродром кои се обраснати со трева и запуштени, Вардариште во Гази Баба е речиси рамно на Дрисла, преполни контејнери во Кисела Вода и во Центар…

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со договори во „четири очи“ за јавни набавки потрошени 11 милиони евра народни пари

Next Post

Maкедонскиот в.д. амбасадор повикан во бугарското МНР поради говор на омраза против Бугарите во земјава

Реклама