Приведен е лекар од гостиварската болница под сомнение дека издавал лажни потврди за негативни ПЦР – тестови, за што наплаќал. Против него е поднесена кривична пријава, по што денеска ќе биде однесен пред Јавен обвинител.
45-годишниот лекар од гостиварската Општа болница вакви потврди на почетокот на овој месец им издал на две лица, на кои им биле потребни за патување надвор од земјава.
Од СВР Тетово соопштија дека тој вчера бил приведен, а до Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службена положба.