Без маски и со порака „за“ вклучување во пописот. Вака албанскиот премиер Еди Рама го пречека во Тирана првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во Maкедонија, Артан Груби.
Според соопштението, не може да се изводи ништо специфично за оваа средба, освен протоколарни информации дека разговарале за членството во НАТО, за нашиот спор со Бугарија, за Коридорот 8…
Она што всушност е главната порака од оваа средба е фотографијата која е испратена заедно со соопштението од Кабинетот на Груби, на која двајцата стојат еден до друг, без маски и без дистанца, кои се главни препорачани мерки во услови на пандемија, и двајцата држат лист – хартија на кој стои испишана интернет адресата на Статистика каде можат нашинците од странство да се самопопишат.