Dark Mode Light Mode

Повторно висок број нови пациенти со ковид во скопските болници – 70 за 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје повторно се хоспитализирани голем број новозаразени – 70, поради компликации од корона вирусот.

Вкупниот број на оние кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град  е 569 лица.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.

Реклама

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 3 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Најмногу од пациентите со ковид во моментов се сместени во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники – 277 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123, на Клиниката за инфективни болести 117 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица, на Клиниката за детски болести има 27 пациенти позитивни на ковид 19 вирусот и 10 на ГАК.

Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во цела држава е 1.392 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мицкоски до власта: Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате!

Next Post

Ако патувате: Влажни патишта со остатоци од снег и одрони

Реклама