Dark Mode Light Mode

Со договори во „четири очи“ за јавни набавки потрошени 11 милиони евра народни пари

Без да се распише јавен оглас во првите шест месеци од минатата година за јавните набавки во земјава се потрошени вкупно 11 милиони евра. Ова го покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки со констатација дека расте примената на нетранспарентна постапка со преговарање без објавување на оглас.

-Во мониторираниот период, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 11 милиони евра, што е за 15 проценти повеќе од истиот период претходната година, се наведува во извештајот.

Исто така, утврдено е дека на секој трет тендер е доставена една или ниту една понуда.

Реклама

Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 година упатува на минимално подобрување во однос на истиот период во 2019 година, но влошување во однос на целата 2019 година, стои во извештајот.

Освен ова, анализата покажала дека често се случуваат и „симптоматички понуди“.

– Иако проценетата вредност на тендерите не се објавува јавно, сепак некои понудувачи доставуваат понуди што се симптоматично блиску до проценетата вредност, се наведува во извештајот.

Се наведува и тоа дека на локалните тендери се забележува непочитување на Законот за јавните набавки, особено во делот на образложение на потребата од набавката и на причините за неделивост.

Електронската аукција е користена во дури 92 проценти од тендерите, со што се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите што таа ги генерира во јавните набавки, предупредува ЦГК.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ако патувате: Влажни патишта со остатоци од снег и одрони

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Дали во тендерот на Шилегов со фирмата на партнерот на Царовска има елементи на корупција?

Реклама