И покрај лошите временски услови и непрегледноста во водата, околу 20 нуркачи од повеќе градови денеска го чистеа езерото Матка од пластичен и останат отпад.
Акцијата е по повод Светскиот ден на водата – 22 март, што ја организираа Македонско-хрватското друштво (МХД) и еколошкиот клуб „Пена“ и во рамки на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“.
Исто така, во рамки на проектот е и чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат. При тоа во процесот на распаѓање предизвикуваат појава на дислокација на цели врсти на риби и други подводни животни.