Привремениот шеф на македонската амбасада во Софија, Владимир Крстевски, денеска е повикан во бугарското Министерството за надворешни работи на средба со со в.д. директорот на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Ива Крулева.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Бугарија, тој е повикан по барање на вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е во изолација поради ковид, а причината се „честите манифестации на говор на омраза и дискриминација во Република Северна Македонија од страна на службени лица против граѓани на земјата, оние што имаат бугарски идентитет, па дури и против оние што имаат симпатии кон Бугарија и нејзиниот народ“.
Бугарија исто така имала забелешки и од како што стои „големата негативна кампања“ против Ваил Гарванлиев кој е претставник на Евровизија 2021 и против кого беше покрената петиција на Интернет да не биде наш претставник откако се појави видео од пред неколку години во кое тој кажува дека има и бугарско државјанство.