Dark Mode Light Mode

СДСМ бара пратениците од опозицијата да ги вратат платите за овој месец

СДСМ денеска побара од пратениците од опозицијата да ги вратат платите за овој месец, бидејќи единствено што „сработиле“ била блокада на работата на Собранието.

-Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа, велат во соопштението од владејачката партија. .

Како што објави вчера претседателот на Собранието Талат Џафери, денешната седница на која се наоѓаат голем број закони е одложена, бидејќи опозицијата уценувала за да формира кворум, со тоа што барала да се расправа самоз а три точки.

Реклама

На дневен ред на оваа седница се законите кои се однесуваат на економските мерки,
одлуката за продолжување на кризната состојба, Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје, и две интерпелации за министерот за правда и за вицепремиерот Љупчо Николовски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Албанскиот премиер се вклучи во кампањата „за“ пописот кај нас

Next Post

Лекар од гостиварската болница продавал потврди за лажни негативни ПЦР-тестови

Реклама