Во изминатите 24 часа, од ковид во земјава починаа 25 лица, од кои едно на 29 години.
Како што соопштија од Министерството за здравство сите починати во изминатото денонокие во Македонија се во болнички услови и имале и други заболувања. Тие се на возраст од 29 до 87 години и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид.
Од над 3.700 тесторања, регистрирани се нови 1.056 заразени, од кои најмногу се во Скопје 590, потоа Битола – 57, Прилеп – 42, Велес – 36, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Охрид – 30, Тетово – 28, Струмица – 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Струга и Кичево – по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово – по 13, Делчево – 9, Свети Николе – 8, Радовиш и Пробиштип – по 7, Кратово – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Валандово и Демир Капија – по 4, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1.
Регистрирани се 727 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153, од кои 7.728 од Скопје.