Пописот треба да се одложи. Ова денеска преку Фексбук повторно го побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека здравјето на граѓаните не смее да биде заложник.
-Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи. А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата, напишал Мицкоски.
Тој дава и заклучок во кој наведува дека „најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот“.
-Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски. Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате!, напишал Мицкоски.