Тешка сообраќајка со смртни последици на патот Охрид – Кичево. Имено, вчера Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајната несреќа.
Од МВР нформираат дека несреќата се случила кај клучката за влез кон Славеј Планина, општина Дебарца, помеѓу автомобил „Фолксваген бора“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.И.(52) од Кичево, и товарно возило „Цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(29) од с.Долни Сарај, Скопско.
На местото на незгодата починал возачот С.И., додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Фолксваген бора“, Д.К.(40) од Кичево и возачот Б.М.
Повредените биле пренесени во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Се утврдуваат причините за несреќата.