Dark Mode Light Mode

За една недела бројот на починати од вирусот се зголеми за 22 проценти

Зголемен број на починати како и новозаразени лица забележал Институтот за јавно здравје во редовната неделна анализа која го опфаќа периодот од 15 до 21 март.

-Во овој период пријавени се  158 смртни случаи од 27 градови, што е 22,5 отсто повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години, се наведува во анализата.

Во истиот период тестирани се вкупно 24.517 лица, со зголемување од 8,4 проценти во однос на минатата недела.

Реклама

-Регистрирани се 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 3 441 лица или 49,9 проценти. Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3 отсто, просечно 27,9 проценти, што е 3 отсто повеќе во споредба со минатата недела, информира ИЈЗ.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Она што е карактеристично за оваа недела е што најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај лицата 10-19 (33,1 отсто), 50-59 (32,1 отсто) и 40-49 (30,2 отсто).

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза од кои 4.002 со вакцината на „Фајзер“, а 2.702 со вакцината „Спутник 5“ и 2.572 со втора доза на вакцината на „Фајзер“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Собранието целосно зариба, а мајсторот го поправа со критика

Next Post

Едно лице загина, две се тешко повредени во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Реклама