Dark Mode Light Mode

Собранието целосно зариба, а мајсторот го поправа со критика

Македонскиот парламент повторно е парализиран откако владеачкото мнозинство не може да собере кворум за почеток на седницата, а опозициските партии го условуваат своето присуство на седницата. Поради отсуството на двајца позитивни пратеници на корона вирус владеачките партии, кои имаат вкупно 62 пратеника, не можат да го соберат потребниот кворум од 61 пратеник. И ова не е прв пат, парламентот е тргни застани со месеци што е недозволиво.

Вчера бурно и без договор заврши кратката координативна седница на пратеничките групи кај собранискиот спикер Талат Џафери, на која имаше обид да се започне седница на која требаше да се гласаат законите од петтиот сет на економски мерки. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ќе дојде на седница, но под услов на дневен ред да бидат ставени само точките од петтиот пакет економски мерки со кои треба да им се помогне на граѓаните и на стопанството. Партиите Алијанса на Албанците и Алтернатива досега поднесоа 32.000 амандмани за 20 закони и велат дека нема да ги повлечат сè додека нема дијалог за Предлог-законот за државјанства…

И така во недоглед. А само до пред кусо време парламентот, исто така, беше блокиран и не работеше. Ако и сега се постигне некаков компромис за да започне некоја седница, прашање е до кога ќе трае и кога ќе започне некоја нова блокада.

Реклама

Сето ова доволно кажува дека актуелниот парламентарен состав е целосно нефункционален. Тенкото мнозинство од 62 пратеници очигледно не е доволно за да гарантира дека може да заседава, да носи закони, да работи во интерес на граѓаните. Но, се има и уште поголем проблем: отсуство на соработката меѓу власта и опозицијата кога се во прашање постигнувањето на договорот околу одредени закони и прописи. Власта најчесто ги игнорира предлозите на опозицијата, како што беше во случајот со пописот, а тоа води кон нејзино одбивање да служи само за правење кворум за седници.

Владеачкото мнозинство е на потег, се разбира – не е потег ако само ги критикува и обвинува другите што Собранието зариба. Тие се нафатија да бидат мајсторот – сега нека го поправат моторот.

А опозицијата не е добро намерно да го кочи тоа, оти моторот е – Македонија. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

10 лица убиени во супермаркет во САД, напаѓачот се предал на полицијата

Next Post

За една недела бројот на починати од вирусот се зголеми за 22 проценти

Реклама