Dark Mode Light Mode

10 лица убиени во супермаркет во САД, напаѓачот се предал на полицијата

Вкупно десет лица се убиени во пукањето во еден супермаркет при нападoт од еден вооружен напаѓач вчера во амариканската држава Колорадо. До вооружениот напад дошло во продавницата „Кинг Суперс“ во Болдер, град на околу 40 километри северозападно од Денвер.

-Ова е трагедија и кошмар за округот Болдер. Добивме соработка и поддршка од локалните, државните и федералните власти, изјави обвинителот Мајкл Доерти непосредно после нападот.

Голем број на полицајци и специјалци биле распоредени пред супермаркетот, а најмалку три хеликоптери слетале на покривот на објектот. Набрзо потоа, преку разглас полицијата го известила напаѓачот дека е опколен и треба да се предаде. Идентитетот на напаѓачот не е објавен. Откако бил ранет тој и се предал на полицијата.

Реклама

Нападот во Боулдер, кој цело време бил пренесуван на интернет и Јутјуб од сведоци. Полицијата преку Твитер ги предупреди луѓето да не прават преноси од настанот, но снимањето од присутните пред супермаркетот сепак продолжило.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стара дупка на нов асфалт кај Инфективна, ќе се шири или ќе ја снема?

Next Post

Собранието целосно зариба, а мајсторот го поправа со критика

Реклама