Возачите меѓу кои и оние на Итна медицинска помош, последниве недели мора да возат повнимателно кога поминуваат по улицата „Белградска“ зад Инфективната клиника. Причина е пукањето на асфалтот, создавање на дупка во него, што создава опасност од нагли трескања, оштетувања на тркалата, ризик при транспортот на пациентите…
За жал, сето ова се случува само кусо време откако улицата е делумно реконструирана и со што се отвори нов влез-излез од Клиничкиот центар и кај Инфективната клиника.
Многу фалби и фотографирања удрија надлежните кога заврши реконструкцијата…
Што е причината за толку брзиот рапад на дел од улицата? И ќе се чека ли дупката да се шири (за што очигледно има потенцијал оти се околу е попукано и веќе ронливо) или ќе се покрие со нов асфалт? Овој пат барем малку поквалитетен.