Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, што е една третина од вкупно 671 лице кои се во болница во цела држава, поради компликации од ковид.
Нјмногу примени има на Инфективната клника – 9, потоа во ГОБ „8 септември“ – 8 и на интерните клиники имало 5 приеми, во Козле два.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.
И натаму најмногу од хоспитализираните се наоѓаат во Инфективната клиника – 88, потоа во „8 Септември“ – 76, на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле-17 пациенти и на ГАК има 3 хоспитализирани ковид – позитивни пациентки.
Институтот за јавно здравје во неделниот извештај од 15 до 21 февруари исто така регистрира зголемен број на хоспитализации како резултат на зголемениот број заразени. Најмногу од нив во државата процентуално во однос на бројот на жители се во Кавадарци, Охрид и Прилеп.