Dark Mode Light Mode

Со казни против несовесните посетители – од викендов во Зоолошката градина ќе се казнува

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на Град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во скопската Зоолошка градина, но и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.

Всушност, акцијата е дел од кампањата за заштита на животните под мотото „Подарете љубов, а не храна“, која се покренува поради тоа што со години многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за животните иако има табли со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината.

-На пример, имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко, или пак голем дел животни за кои зелката е најштетна. Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење на животни, за тоа постои делот „Бејби Зоо“, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување на миленик, елат од скопската Зоолошка.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ако патувате низ Србија: Поскапеа патарините

Next Post

Интернет-кафе во Бутел работело и после 21 часот, сите што биле внатре се приведени

Реклама