Dark Mode Light Mode

МАНУ се избори да си го сочува името и придавката „македонска“

Македонската академија на науките и уметностите го сочува своето изворно име откако академиците не прифатија негова промена со додавање на кованицата „Северна“. Промената ја предложила Владата, врз основа на Преспанскиот договор потпишан со Грција, и таа до македонскиот парламент доставила предлог за промена на името на МАНУ. По ова, Академијата писмено се обратила до Владата и до Собранието со барање предложениот закон да биде повлечен.

Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев за телевизијата Алфа денеска потврди дека од Собранието се известени дека законот ќе биде повлечен.

-Ние пративме официјално барање до Собранието и Владата со кое посочивме дека сакаме да се повлече законот за промена на името на МАНУ. Вчера добивме известување од Парламентот дека предлог законот ќе биде повлечен, изјавил академик Коцарев за телевизија Алфа.

Реклама

Коцарев дададе дека не биле наведени причините зошто Собранието одлучило да го повлече предлог законот. МАНУ е првата државна институција која и официјално се спротивстави на промена на името и одби да го додаде зборот „Северна“. 

Според сознанијата, во предлогот на Владата за промена на името на МАНУ е наведено дека насловот „Закон за Македонската академија на науките и уметностите“ се менува и гласи „Закон за Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“, додека пак зборовите „Македонската академија на науките и уметностите“ се заменуваат со зборовите „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“.

Веста дека МАНУ го зачувала името на својотпрофил на социјална мрежа Фејсбук денеска ја објави и коментираше и Солза Грчева, лидер на партијата „Глас за Македонија“.

-МАНУ успеа да си го задржи името. Го одбија дописот од Владата за итна промена во нешто перверзно како Национална Академија на ….Северна Македонија. Против, само акад. Беџети. После натегања, Владата мораше да попушти. Браво за Македонската академија!! Камо вака сите инситуции да не попуштаа, напиша Грчева на Фејсбук.

Сепак, останува нејасно, дали овој предлог закон пак ќе биде вратен на разгледување во Собранието.

Инаку, МАНУ неодамна одржа Годишно собрание на кое реферат поднесе претседателот Љупчо Коцарев. Во опсежното обраќање Коцарев предупреди дека „Бродот Македонија постепено, ама сигурно тоне“. Тој смета дека земјава минатата година, конечно, стана центар на регионалната дестабилизација. Тој освен што најави дека можеби треба да се направи ревизија на договорот од Преспа и тој со Бугарија, остро се спротивстави на ставот на Заев и владата за забрана на термините Република Македонија, само Македонија или Македонска. Во обраќањето тој наведе дека во досегашната историја само двапати се случило да се забранува употребатана терминот „Македонија“.

-Мене ми се познати само два државни документи со кои се забранува употребата на терминот Македонија. Првиот документ, од 25 март 1903 година, е наредбата на султанот Абдул Хамид II со која се забранува употреба на називот „Македонија“. Повеќе американски весници, тогаш, коментирајќи го спроведувањето на наредбата, пишуваат за цензурирањето на Библијата. Така, на пример, весникот „The Times Dispatch“ од 5 јули 1903 година, на страница 3, пишува: „Американската библиска издавачка куќа, задолжена за печатење на светата книга, официјално беше спречена од турскиот цензор, кој го забрани зборот ’Македонија’ во посланијата на апостолот Павле и инсистира истиот тој да биде заменет со ’Вилаетите Солун и Монастир’ за да дозволи да се печати Библијата“. За вториот документ нема да проговорам тука. Меѓутоа, впечаток е дека состојбата, во која се наоѓаат денес многу институции и граѓани на Македонија, поради користењето на името Македонија и придавките што произлегуваат од тоа име, е грда, непријатна, одвратна, застрашувачка. Што ни останува нам? Се надевам дека нема да дозволиме, во 21 век, Библијата да биде цензурирана, наведе во обраќањето Коцарев.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Конечно: Обвинение за кумановците уапсени лани - планирале терористички напади како ИСИС

Next Post

Заев до Николоски: Се плашевте името да му го изговорите на Мијалков

Реклама